Еден од најбараните млади фудбалери во светот Елиф Елмас гостуваше во емисијата „Ексклузив“ на 1ТВ. Тој зборуваше за животот во Турција, трансферот, како ги поминува деновите таму, како е да се дели соблекувалната со светски ѕвезди…
Потоа водителите го прааша со која од убавите Македонки би отишол на романтичен викенд. Изборот беше меѓу: Мартија Станојковиќ, Марјана Станојковска, Лина Пејовска, Антониа Гиговска, Бојана Њушкова и Лила Филиповска.
Елиф категорично без многу размислување ја одбра познатата водителка Лила.
– Дечкото е млад, згоден, одличен е фудбалер и има одличен вкус за жени. Не знам дали вечерата ќе биде романтична, бидејќи не се познаваме, но, ќе биде пријателска. Би се заблагодарила за убавите зборови – изјави Лила.