Ликовниот уметник Инес Ефремова на својот Фејсбук профил искрено го искажа својот револт во потрагата по стан во Скопје. Таа вели дека купувањето на стан кој не гледа во друг бетонски ѕид, за жал, е речиси невозможна мисија, а акцент става и на вртоглаво високите цени.
„Во потрага по нов стан, сериозно почнувам да размислувам за живеење скроз надвор од Скопје, дури и во друг град.
И не само поради цените кои стануваат „ма немој да ме је*еш“, туку повеќе поради тоа што скоро сите нови станови обично гледаат во друг бетонски ѕид, зеленило е мисловна именка, а кога отвораш врата од стан се удираш во паркирана кола. Повеќето скопски станови се како затвори, без никаков поглед на хоризонт.
Верувам дека многу наскоро, особено за луѓето кои долго време живеат во урбана средина, стан во град ќе стане најлошата опција. И истата ќе може да биде примамлива само за луѓе од провинција кои уште не знаат каков затвор преплаќаат.
Да ви го ибам урбаното Скопјенце урбана мафијо“, напиша Ефремова.