Лидија Кочовска со години наназд важи за еден од нашите најквалитетни вокали. Лидија е вработена во хорот на Македонската опера и балет и редовно настапува на приватни забави.
Таа секогаш отворено и со доза на хумор зборува за себе си.
„ Линија? Години наназад сум „на полна“, си кркам и уживам. Шегата на страна (да не бидам сфатена дека „од понеделник“), овој пат навистина од овој понеделник почнувам со вежбање. Се надевам дека овој пат баш очигледно ќе вроди со плод“ – изјави Кочовска за Женски магазин.