Српската актерка Лидија Вукиќевиќ во јули наполни 57 години и изгледа одлично, а тоа го покажува на фотографиите на социјалната мрежа Инстаграм која често ја користи.
Овој пат, таа сподели слика од свооте синови, кои се веќе сега возрасни и реализирани во свооите професии. Давид Мркела е пилот, а Андреј професионален фудбалер, по стапките на татко му.
Таткото на Андреј и на Давид е фудбалската легенда Митар Мркела, со кого Лидија беше во брак од 1991 до 2000 година.
„Сама ги воспитував децата. Апсолутно им бев и едниот и другиот родител. Не велам дека мојот поранешен сопруг не се занимаваше со нив. Секако дека да, но поинаку беше за мене затоа што живеам со нив во последниве 17 години. Андреј беше прво одделение, а Давид имаше три години кога се пазведовме. Не го поднесувам изразот самохпана мајка“, изјави Вукиќевиќ.
Во октомври лани, таа за српските медиуми потврди дека ќе се мажи, но не откпи повеќе детали.