Специјалистот по гинекологија и акушерство, д-р Јадранка Бибан на својот Фејсбук профил напиша дека ова е само почеток на нова цивилизација и дека лидерчињата кои под иста калап се поминати, ниту народ слушаат ниту за народ газињата ги болат.
“КОЈА ФАРСА ЧОВЕЧЕ…
Да не беше “пандемијава” човек ќе си мислеше дека навистина постојат држави, влади, институции, народ кој бира на избори, научници, лекари, судии, професори… А тоа се да ти било фарса…
Овие партииве и партијчињава се на едно место правени, лидерчињата под исти калап се поминати и распратени се во државичињава да прават театар на избори, демек еве народот ќе бира. А тоа кого и да избереш исти “курац у више издања”… Ниту народ слушаат ниту за народ газињата ги болат. Башка, нив и забрането им е да мислат, интелегенција за нив е непознат појам.
Сега децава на школо ќе ги строеле на два метра, температура ќе им мереле, крпи на уста ќе им ставале… не дека тие нешто така одлучиле, туку така им наредиле однадвор…
Од човештвово толку ќе да е… Што ќе расправа човек повеќе за корона, морона и слични глупости. И со кого ќе се објаснуваш…? Со програмирани компјутери од пониска класа? Не вреди!
Ова човештво можеби и не вреди повеќе да се спасува, толку му е!
Само почеток на нова цивилизација… што е можно побрзо…“, пишува докторката Бибан на Фејсбук.