Пејачката Лејди Гага моментално ужива во Мајами, каде во саботата вечерта настапи на Супербол, еден од најзначајните спортски настани во Америка.
Сепак, таа фановите не ги воодушеви само со феноменалниот настап, туку и со совршената форма на која би подзавидиле многумина.
Имено, папараците ја „уловиле“ Гага на терсата од еден хотел на Флорида и тоа во танга.
Инаку, Лејди Гага минатиот викенд беше снимена како се опушта на терасата на нејзиното ново момче Мајкл Полански, поранешен инвеститор кој работи како извршен директор на претпријатието „Паркер груп“.