Летувала во Тајланд, па доживеала шок во хотелската соба: Заклучувајте ги вратите (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Корисничка на TikTok, под името @roasted.onion, стана хит на социјалната мрежа откако го сподели моментот кога неочекуван гостин влегол во нејзината хотелска соба во Тајланд.

На почетокот, гледаме мајмун како ја фаќа рачката на вратата од терасата и се обидува да ја отвори. На крајот го сторил тоа, речиси како човек, додека во позадина жената извикала „не“.

Натрапникот влегол во собата, зел предмет од масата и се вратил на терасата. Во еден момент, ги покажал забите кон исплашената гостинка во хотелот.

Таа, исто така, објавила порака со видеото: „Потсетник секогаш да ги заклучувате вратите”.

Мајмунот изненади многумина

Не е невообичаено животните да влегуваат во хотелска соба во некои тропски региони, но начинот на кој ова мајмунче „ракувало“ со кваката изненадил многумина, објавува Newsweek.

Гледачите беа насмеани на реакцијата на жената, а многумина оставија коментари.

„Не сфаќате колку е смешно ова во три часот наутро“, напиша едно лице, додека друго додаде: „Изгледа како да го правел ова и претходно“.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com