Летните температури на северната хемисфера веројатно нема многу да влијаат на пандемијата од коронавирусот, тврдат научниците од Принстон, пренесува Индекс.хр. Станува збор за прелиминарни податоци и врски меѓу климата и Ковид-19Р, кои во многу непта се непознати. Студијата, објавена во списанието Science, не ја исклучуваа таа врска, но заклучува дека влијанието на климата врз ширење на вирусот е „Скромен“.
„Нашите откритија покажуваат дека без влијателни мерки на контрола, вирусот ќе продолжи да се шири и во текот на топлото и влажно време. Топлите температури нема значајно да ја сопрат епидемијата”, се вели во студијата.
Иако климатските влијанија, посебно влажноста во воздухот имаат улога во ширењето на другите коронавируси и грипови, авторите на студијата велат дека во овој случај е поважно ширењето на колективниот имунитет на Ковид-19.
„Општо говорејќи, вирусот ќе продолжи да се шири затоа што меѓу населението нема доволно имунитет“, појасни Бекер и додаде дека во земјите како Бразил, Еквадор или Австралија, во кои времето е потопло, не било забележано влијание на временските прилики на ширењето на вирусот.
Според авторите, без мерки за контрола или вакцина, вирусот ќе продолжи да се движи меѓу големите делови од светската популација и подоцна ќе стане сезонска болест откако ќе му се намали „залихата“ на неизложени домаќини.