Компанијата „Нуова неон груп 2“ од Италија понуди солуција за летово, сепак, безбедно да се користат плажите среде пандемијата од коронавирус – кабини од плексиглас.
Тие би били високи две метри и широки 4,5 метри, односно, да соберат две лежалки и еден чадор за сонце.
“ Пред една недела се обидовме да замислиме како ќе биде враќањето на плажа. Идејата е родена со желба да се заштитиме а истовремено да се овозможи повторно покренување на активностите“, изјавил директорот на фирмата Клаудио Ферари.
Инаку, фирмата која се занимава со производство на панели веќе има нарачки од неколку италијански плажи.