Овен
Летните месеци ќе ви бидат потполно наклонети, само во јуни ќе бидете малку забавени и мирни, но ситуацијата драстично ќе се промени уште во првите денови на јули. Зафатените припадници на овој хороскопски знак после 15-ти јули можат да добијат љубовен или професионален предлог кој нема да можат да го одбијат. Идеално време за одмор е почетокот на август кога ќе бидете полни со ела и ќе посакате цели две недели потполно да се посветите на саканата личност и најблиските.
Бик
Летото е време кога треба потполно да излезете од зоната на комфорот. Посакувате нова работа, нова љубов или било каква друга промена? Сега веќе е време да направите исчекор и голема промена која ќе влијае на вашата иднина. Првите недели на јули ќе ви бидат идеални за одмор за да ги наполните батериите и да ве очекува возбудлив остаток од летото. Една Водолија веќе долго време ја посакува вашата наклонетост, можеби август е месецот кога треба да попуштите и да се препуштите на една летна авантура.
Близнаци
Можеби јуни е вашиот месец, но ова лето токму во овој период ништо нема да успеете да завршите. Поточно, летото вас ќе ви биде исклучиво за одмор, релаксација и собирање на енергија за почетокот на есента кога ве очекуваат важни одлуки и проекти. Кога е љубовта во прашање, август ќе ви биде наклонет, посебно за слободните припадници на овој хороскопски знак. Идеален спој за вас е оној со Лав.
Рак
Летото кое се наоѓа пред вас е идеален период за да се помирите со минатото и сегашноста. Почнете од втората половина на јуни и полека чистете го вашиот живот. Конечно затворете ја вратата на негативните луѓе и дајте и можност на личноста која веќе подолг период ви покажува наклонетост. Мислиме на некоја Скорпија или Близнак. Во август не смеете да ја пропуштите професионалната можност која ќе ви отвори врата и за во странство.
Лав
Летниот период е како создаден за вас, зрачите во секоја ситуација, но ова лето, обидете се престолот да го поделите со другите луѓе околу вас. Бидете мирни и не дозволувајте искушенијата да ве натераат да ја изневерите саканата личност. Слободните Лавови ќе имаат бројни можности, па тешко ќе им биде да се одлучат. Втората половина на август е идеална за одмор, тогаш ќе можете да ги сумирате сите впечатоци од претходните месеци.
Девица
Време е да попуштите и да се релаксирате, не мора сè да биде совршено и организирано, посебно не овој јуни. Јули и август ќе ви бидат наклонети па затоа, сите важни одлуки зачувајте ги за овие месеци. Една Вага нема да ве остави на мира, а вие ќе бидете во искушение после 15-ти јули да се запрашате дали токму таа личност е како создадена за вас.
Вага
Јуни е вистинско време да се занимавате со вашиот љубовен живот. Ако досега долго време сте биле сами, релаксирајте се и дајте ѝ можност на личноста која во повеќе ситуации ви покажала дека има искрени чувства за вас. Во текот на јули можно е да дојде до расправии со партнерот или да имате повик од минатото кој никако нема да ве остави да дишете.
Скорпија
Време е да научите нешто од Близнаците и нивната енергија, посебно ова лето. Не се затворајте во себе, дружете се и размислете дали конечно дојде време да ѝ кажете „Да“ на личноста која долго време ви ги покажува искрените емоции. Јули е вистински месец да ставите крај на поранешната љубов, но и на работата која повеќе не ве прави среќни и не ги задоволува потребите. Не се плашете ова лето да направите радикални промени во вашиот живот.
Стрелец
Едвај чекате летото да дојде за да ја покажете вашата дива природа. Иако јуни ќе ви делува здодевно и мирно, уште од првата половина на јули ситуацијата ќе се промени и нема да можете да ја одберете најдобрата понуда (професионална или љубовна). Личност во знакот на Бик отворено ви ги покажува сопствените намери, а на почетокот на јули може да се развие и нешто повеќе. Почекајте до крајот на август за да ја одберете вашата дестинација за одмор.
Јарец
На ваша среќа ова лето сè ќе ви се сврти на задоволствата и игрите. Нема да можете да ги задоволите вашите љубовни желби и ќе бидете во дилема кого да одберете. Внимавајте да не ги повредите туѓите емоции. Јули е резервиран за одмор и донесување на важни планови за иднината. Ако веќе долго време планирате да заминете за странство, уште од август активирајте се.
Водолија
Зафатените припадници на овој хороскопски знак овој јули ќе уживаат во наклонетоста на саканата личност и дефинитивно ќе размислуваат за заеднички живот или проширување на семејството. Не дозволувајте плановите да ви ги уништи некој од минатото со кој не сте расчистиле. Идеален период за одморање е почетокот на септември кога ќе ги завршите сите професионални обврски и конечно ќе можете да се релаксирате.
Риби
Малку сте отсутни во последно време, се согласувате? Не се грижете заради тоа, бидејќи веќе од крајот на јуни ве очекуваат многу поволни работи. Јули ќе биде идеално време да испланирате некој вид на бегање од реалноста, прегледајте ги сите дестинации, резервирајте и уживајте во малку одмор. Не мора да биде далеку на некое екстравагантно место, важно е само да ви годи. Можна е фатална средба токму во текот на одморот со некој огнен знак.