Надзорна камера ноќеска снимила шокантна сцена во Добој, кога пијан возач искршил осум автомобили и четири излози.
Полицијата соопшти дека сообраќајната несреќа ја предизвикал маж кој бил на привремена работа во странство и имал повеќе од еден и пол промил алкохол во крвта.
Граѓаните на социјалните мрежи го прозиваат возачот за неговото арогантно однесување.
– Така би ни ги згазил и децата… 1000 години затвор – наведува еден корисник.
– Не е пијан… Луд е – додал друг.