ЛЕТАА ТУПАНИЦИ, ЧАДОРИ, ЛЕЖАЛКИ: Крвава тепачка на плажа во Белгија (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Во видеото, кое кружи на социјалните мрежи и е доста вознемирувачко, луѓето се тепаат, а чадори, лежалки и столчиња летаат во сите правци.

Откако спасувачите предупредија група од околу 40 млади луѓе дека седењето на пристаништето е забрането, започна хаосот, пишува „Брисел Тајмс“

Градоначалникот Дафне Дамери ја затвори Бланкенберг по инцидентот. Полицијата пристигна и неколку лица беа уапсени. Жителите, сопствениците на други домови и туристите кои се веќе некое време таму, сепак ќе добијат пристап до Бланкенберг.

„Мислам дека ова е страшно“, рече Думери. „За луѓето кои доаѓаат со добри намери и сакаат да уживаат во Бланкенберг, ова е многу лошо. Мислам на децата и нивните родители“, рече таа.

останати вести