Повеќе од 40 луѓе учествувале во тепачката во еден ресторан со скара – летале столици и маси! Има две верзии за настанот од ресторанот „Златен корал“.
Еден од очевидците рекол дека тепачката избила меѓу двете семејства, така што се вмешале и останатите. Причината наводно била тоа што едното семејство ја „прескокнало“ линијата од редот пред другото.
Меѓутоа, друг очевидец вели дека тепачката се случила по расправија за стек. Муштеријата кој барал печено месо и го нарачал прво, си го добил оброкот по муштеријата кој барал „крвав“ стек.
– Барав месо што е помалку печено и прв го добив, секако затоа што тоа месо се готви пократко. Настана хаос и јас се фатив за стол за да се одбранам, а потоа ударите почнаа да се слеваат – изјави Алексис Риос.
https://twitter.com/i/status/1487240467804741632