Лепа Брени (62) која во новогодишната емисија на една хрватска телевизија, ги испеа своите најголеми хитови, изгледа дека успеала да биде во чекор со модата, но на негативен начин, судејќи по реакциите на твитерџиите.
Нејзиниот глас, кариера и непобедливите хитови секако го увеличиле дочекот на Новата година, но она што на сите им го привлекло вниманието била нејзината модна комбинација.
Лепа Брена носела долг фустан со мотив на женско тело со огромни гради, а згора на тоа бил украсен и со златни светки.
По завршувањето на емисијата, гледачите го споделија своето мислење за фустанот на пејачката, а повеќето од нив имаа негативен коментар.
Многумина сметаа дека нејзиниот фустан не е погоден за оваа програма, бидејќи програмата ја следат и малолетници.
„Лепа Брена во најгрдиот фустан што сум го видел во животот“, напиша еден корисник на Твитер.
„Врв на невкусот, гледам и не верувам. Го имаме најлошиот фустан во 2023 година“, „Хорор“, „Гледам и не верувам!“, „Го имаме најгрдиот фустан за 2023!“, се дел од коментарите.