Лео Меси е позитивен на Ковид-19, ова и официјално го потврдија од ПСЖ. Неговиот последен тест се покажал како позитивен, па така веднаш мора да оди во изолација. Тоа значи дека Аргентинецот не може да му се стави на располагање на својот тренер Маурицио Покетино во следните неколку денови.
Аргентинската фудбалска ѕвезда се вратила во Париз со позитивен тест на Ковид 19, што прави автоматски да замине во изолација и да биде отсустен најмалку десет дена пред да добие дозвола за враќање на терените.
Инаку, „светците“ имаа задолжително тестирање пред мечот од Купот на Франција против Ван, при што добиле четири позитивни резултати. Покрај Меси, позитивни на Covid-19 се уште и Бернат, Рико и Битумезала.