Леонардо ди Каприо Новата година ја мина во друштво на убави девојки во бикини, на јахта покрај островот Сент Барт. Оскаровецот беше во друштво со колегата Тоби Мегвајар и уште неколку девојки. Меѓи нив беше и Медисон Хедрик, свршеницата на неговиот пријател Џо Нахмад.
За потсетување, Ди Каприо минатата година раскина со Камила Мороне, со која беше четири години во врска. Сега е во врска со неговата колешка дваесет и тригодишната Викторија Ламас.