Објавени се првите фотографии од холивудскиот актер Леонардо ди Каприо на снимањето на новиот филм на Пол Томас Андерсон, кој засега е познат само како „BC Project“.
На фотографиите Лео е облечен како бездомник и е фотографиран како стои покрај телефонска говорница пред локалниот пазар. Папараците го виделе како се движи низ пазарот, користи говорница и се однесува многу параноично.
Заплетот на филмот моментално се чува во тајност
Се шпекулираше дека Лео неодамна потпишал за филмската адаптација на романот „Vineland“ на Томас Пинчон од 1990 година. Но, не е познато дали овој филм на Андерсон е адаптација на романот. Пинчон во романот го опишува Зојд Вилер со мустаќи, исто како Ди Каприо на папараци фотографиите.
Иако заплетот на филмот моментално е тајна, „Deadline“ објави дека во филмот глумат и Шон Пен и Реџина Хол. Буџетот на филмот наводно е сто милиони долари.