Американскиот пејач Лени Кравиц (60) е познат како вистински шармер и заводник, со голема листа на убави партнерки зад себе. Тој вели дека денес е на „духовно патување“ и дека планира да се откаже од секаква физичка интимност се додека не ја пронајде вистинската личност за него.
Тој го обвини татко му, водителот Сај Кравиц, за неговата промискуитетност. Инаку, татко му имал афера додека бил во брак со мајката на пејачот, актерката Рокси Рокер.
„Откако се оженив, станав повеќе како него, станав играч“, изјави тој за „Гардијан“, зборувајќи за неговиот брак во 1993 година со актерката Лиза Бонет.
„Не ми се допаѓа. Не сакав да бидам таков. Беа потребни години дисциплина и одговорност за да не дозволам моите желби да ме обземат“, објасни тој.
Кравиц откри дека дисциплината резултирала со деветгодишен целибат, а ќе трае додека не ја пронајде неговата животна сопатничка.
„Тоа е духовна работа. Станав многу одлучен во начинот на кој живеам“, додаде тој.
Начинот на кој живее вклучува редовно одење во теретана и следење правилна исхрана.
„За мене е потребна многу напорна работа и дисциплина за да бидам здрав. Тоа значи дека кога сакам да јадам ѓубре – не сакам“, рече тој.