Водителката на црногорска телевизија, Милица Павиќевиќ се најде во непријатна ситуација за време на дневникот кој го водеше. За време на преносот во живо, се случи и големиот земјотрес во Босна и Херцеговина.
Реакцијата на водителката стана хит на социјалните мрежи.
“Леле! Во овој момент се случува земјотрес. Се надевам дека се ќе биде во ред „Продолжуваме со дневникот“, мирно рече Павиќевиќ и продолжи со читање на вестите.
Видеото го споделија многумина на социјалните мрежи, оддавајќи почит на нејзината смиреност и таа ги освои симпатиите на многумина
Zemljotres uživo – Pavićević gospođa i profesionalac pic.twitter.com/BdPuRUXEIX
— Serenity Drop (@StrijelacLav) April 22, 2022