Првиот човек на американскиот Национален институт за здравство, Френсис Колинс, највисоката биомедицинска организација одговорна за јавното здравство во САД, е оптимист во своето тврдење дека ефикасен лек за коронавирусот може да биде достапен за два до три месеци.
„Напредокот е одличен. Имаме два лека за кои е докажано дека делуваат – „Реместивир“ и „Дексаметазон“. Тие се докажани при контролирани случајни тестови, што е единствениот начин да се знае дали нешто делува”, изјави Колинс за СНН.
За потсетување, ремдесивир е антивирусен лек за кој веќе се покажа дека има позитивен ефект за намалувањето на траењето на заболувањето на ковид-19, а дексаметазонот е стероид за кој се покажа дека ги намалува шансите за смрт.
-Ние сме во фаза на започнување клинички испитувања за некои други супстанции, како што се антикоагуланси. Знаеме дека згрутчувањето на крвта е придружен проблем на корона вирусот и добро би било да можеме да го запреме, рече Колинс.
Исто така, највозбудливата работа е употребата на моноклонални антитела кои доаѓаат од луѓе кои прележале ковид-19. Овие антитела сега можат да се претворат во лек.
-Јас сум оптимист. Без да можам да кажам дека гарантирам, но мислам дека ќе имаме„ нешто “за два до три месеци, во смисла на ефективен третман, вели Колинс.
Првиот човек на американскиот Национален институт за здравство, е исто така оптимист кога станува збор за вакцините затоа што смета дека првите вакцини ќе бидат достапни до крајот на годината.