Би Би Си Њуз објави потресна приказна за тригодишното девојче Полина од Украина која има редок вид на канцер кој ги погодува децата – неуробластом.
Новинарката на Би Би Си разговараше првпат со Ксенија, мајката на Полина минатата недела. додека семејството се уште беше во својот дом во Харкив, вториот по големина град во Украина. Ситуацијата беше исклучително тешка зошто лековите на Полина беа при крај, поради што семејството мораше да ризикува и да се обиде да побегне од градот.
По четири дена бегство, Полина и нејзината мајка успеаја да влезат во Полска, каде беа топло примени. Таткото на Полина не ја напушти земјата зошто на мажите на возраст од 18 до 60 години им е забрането излегување од Украина.
Полина сега при доаѓањето во Полска за првпат може да се опушти и да си игра.
„Единствен проблем сега е што прашува каде е татко и, а јас не знам што да и кажам“, рече нејзината мајка за Би Би Си.