На 82-годишен маж во Австрија му е ампутирана погрешна нога, објави болницата во четвртокот, ветувајќи темелна истрага.
На пациентот мораше да му биде ампутирана левата нога, но по грешка, пред операцијата, беше обележана погрешната нога“, изјави директорот на клиниката, Норберт Фрич.
Само еден ден по операцијата, при промена на завојот, откриено е дека е ампутирана погрешната нога.
Истрагата за целиот случај е во тек, а надлежната лекарка по сопствено барање е суспендирана.
„Треба да откриеме како се случила грешката. Сакам јавно да се извинам“, рече Фрич.
Особено е трагично што самиот пациент, врз основа на бројни други болести што ги има, не бил свесен дека му е ампутирана погрешна нога.
Тој не бил во состојба да укаже на грешката дури ни при обележувањето на ногата.
„За жал, грешката се случи по серија немили настани“, се вели во соопштението за медиумите. Пациентот и неговото семејство добиле понуди за психолошко советување.
„Ве уверуваме дека правиме се што можеме за да го разјасниме овој случај и да ги провериме внатрешните процедури“, се вели во соопштението.