Американскиот претседател Доналд Трамп се чувствува „уморен, но добро расположен“ и зема терапија за корона вирусот, изјави неговиот лекар д-р Шон Конли.
Според Ројтерс, Конли изјавил дека на претседателот му е препишана терапија со регенерон, коктел од поликлонални антитела, кој исто така содржи цинк, витамини…
Претходно беше објавено дека претседателот, кого внимателно го следат лекарите, со оглед на тоа дека до сега немало никакви третмани кои се ефикасни во лекувањето на корона вирусот, ќе добие нешто што ќе ја олесни неговата состојба – дополнителен кислород, повеќе течности, сируп за кашлица или лекови да се намали температурата.
Меланија Трамп се чувствува добро и има само лесна кашлица и главоболка, додека остатокот од семејството има негативни наоди на Ковид-19.
Инаку, Трамп во текот на денот потврди дека тој и неговата сопруга се позитивни на коронавирус и се во карантин, додека неговиот против кандидат Џо Бајден се тестирал и е негативен.
Се претпоставува дека претседателскиот брачен пар се заразил од нивната советничка, Хоуп Хикс.
Хикс (31) работи за Трамп од 2014 година и моментално е во улога на извршен директор за односи со јавност.