Лекарката Колин Кивлахан знаела дека е позитивна на Ковид-19 во моментот кога излегла од својот дом во Сан Франциско и почувствувала мирис на чад – симптом кој е поврзан со губење на чувството за мирис.
„Иако симптомите се лесни, тие и натаму се тука. Јас сум дел од многу малата група на „упорно позитивни“ луѓе“, изјави докторката од Сан Франциско, САД.
Нејзините колеги, околу 60-тина исто така биле заразени со коронаврусот, а иако некои од нив имале тешки симптоми, сите досега оздравиле и веќе се вратени на работа. Од друга страна, таа е во изолација од 6-ти март и никој не знае кога сето тоа ќе заврши.
„Не знаеме зошто сум упорно позитивна и кога ќе бидам негативна“, изјави Кивлахан.
Доктор Питер Чиун Хонг, специјалист за заразни болести на UC SF, вели дека за првпат слушнал за пациент кој е позитивен и по три месеци по добиената инфекција.
„Во рок од осум дена од појавата на симптомот, вирусот нормално умира. Бев шокиран кога дознав дека вирусот е сеуште жив. Чувството ми вели дека се работи за упорни фрагменти на вирусот. Но, засега никој не знае“, вели тој.
Три дена откако ги прегледала пациентите со стандардни симптоми на „Ковид-19“, таа почнала да ги чувствува симптомите. Чувствувала студ и добила грозница. Кога стигнала дома почнала да кашла, а тогаш се појавиле и проблемите со дишењето.
Останала дома и почнала да води дневник за симптомите кои ги чувствувала по болеста. Подоцна се разболел и нејзиниот сопруг. По 12 дена и било подобро, но тогаш настанал вториот бран на коронавирусот, па таа го изгубила и гласот и постојано кашлала. Толку се потела што постелнината морала да ја менува во текот на ноќта и по двапати.
И на 26. март е тестирана на коронавирусот и тестот бил позитивен. Неколку часа по дијагнозата, таа го изгубила и чувството за мирис и вкус. До ден денес, нејзините сетила се немаат вратено.
„Постојано чувствувам лажен мирис на пожар околу мене. Ноќите беа страшни, деновите ми беше подобро. Не сакав да одам во болница. Стапката на смртни случаи на интубирани пациенти беше висока“, објаснува таа.
На нејзиниот сопруг и бил дијагностициран HMPV, но никогаш не напредувал до „Ковид-19“, нешто што за експертите е мистериозно и необјасниво. Сега брачната двојка Кивлахан е вклучена во студијата со двојки, каде еден партнер е тестиран позитивно, а другиот не.