Антонела Франко, директорка на Одделот за инфективни болести во болницата „Умберто I“ во Сиракуза, Италија, за италијанските медиуми изјавила дека е позитивна на Ковид-19 откако е вакцинирана. Таа рекла дека вакцината повторно ќе ја прими.
„Повторно ќе бидам вакцинирана (потребно е да се вакцинира двапати), бидејќи тоа е единствената шанса да победам во оваа борба. Ако не бев вакцинирана, вирусот сигурно ќе ми предизвикаше поголема штета“, рече Франко, пренесува РТС.
„Вакцината произведува протеин спајк, кој помага да се создадат антитела против ковид и го блокира вируелното напредување на вирусот. Тоа ќе овозможи блокирање на репликацијата на вирусите и ќе ги намали патогените ефекти на вирусот“, посочи Франко.
Лекарката исто така рекла дека била тестирана пред вакцинацијата, дека резултатот е негативен и дека сигурно била во процес на инкубација.
Претседателот на Вишиот здравствен совет, Франко Локатели, интервенирал и дал изјава за медиумите, велејќи дека вакцината овозможува имунизација само по втората доза.