Маж од Индија отишол во болница поради болки во стомакот, а лекарите биле шокирани кога откриле дека причината за болките што ги трпи е шише шампон што го проголтал.
Рендгенските снимки откриле дека 55-годишниот маж имал пластично шише во желудникот, а не е познато колку долго шишето било во неговиот желудник.
Се претпоставува дека неименуваниот маж страда од нарушување во исхраната наречено „Пика“, во кое едно лице компулсивно голта непрехранбени производи.
Лекарите итно го однеле на операција за да му го спасат животот.
Објавена се снимки од операцијата на 16 мај, на која се гледа дека лапароскопскиот хирург Маној Чoдари со скалпел го отвора стомакот на пациентот.
Инаку, пациентот е добро и се опоравува во болница во Чапарпур, Индија.