Вакцината против коронавирусот која што ја разви Министерството за одбрана на Русија и Научно-истражувачкиот центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеј“, ќе ги штити вакцинираните луѓе најмалку две години, соопштил директорот на Центарот, Александар Гинцбург.
Според лекарите, вакцината се дава двапати. Истиот ген се внесува во телото на различни носители, што и дава можност на вакцинираната личност да добие имунитет, за подолг временски период, рече Гинцбург.
Според него, ваквиот пристап гарантира дека лицето кое ја прима вакцината ќе биде заштитено од вирусот корона најмалку две години, а можеби и за подолг период.
Според него, за масовно вакцинирање на населението во Русија ќе бидат потребни околу седумдесет милиони дози на вакцината против коронавирусот.
Раководството и здравствените организации на земјата усвојуваат мерки со цел да се започне процесот на масовно производство на вакцини.
Во исто време, лекарот се пожали дека експерти од странски медицински организации не брзаат да споделуваат технологии за развој на вакцината, и покрај тврдењата дека е неопходна транспарентност во тој процес.
Клиничките испитувања на вакцините во Центарот Гамалеј и Министерството за одбрана започнаа на 18 јуни на 18 волонтери во болницата Бурденко. Досега, не се забележани компликации кај пациентите. Тестовите се планираат да бидат завршени до крајот на јули