Најпознатиот хрватски фудбалски тренер Мирослав Чиро Блажевиќ синоќа завршил во болница по сообраќајната несреќа во која учествувал со своето возило.
Според информациите на „Индекс“, Блажевиќ минал со полесни повреди, откако во неговиот автомобил се удрил невнимателен таксист, кој не застанал на знак „Стоп“. Легендарниот стратег добил удар во рамото и во главата, но минал без посериозни повреди.
По несреќата дошло до жестока расправија меѓу него и таксистот, но и покрај се Чиро го задржал ведриот дух и се шегувал на своја сметка.