Оскаровецот Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава се пронајдени мртви во нивниот дом во Санта Фе, Ново Мексико во САД. Во тек е истрага, но, според првичните информации нивната смрт не била насилна.
Кариерата на Хекман, кој е добитник на два Оскари се протегаше повеќе од шест децении.
Хекман се прослави во филмот „Бони и Клајд“ во 1967 година, играјќи еден од криминалните соработници на Ворен Бити и Феј Данавеј. Потоа, Хекман се појави во низа успешни филмови, освојувајќи го својот прв Оскар за улогата на Џими „Попај“ Дојл во „Француската врска“, а потоа следеа хитови како „Плашило“ со Ал Пачино и „Авантурите на Посејдон“.