Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра е познат како голем шоумен, а сега ги покажа и своите пејачки способности.
Евра ја отпеа баладата на хрватскиот музичар Оливер Драгојевиќ „Кад ми доѓеш ти“.
Французинот очигледно бил задоволен од тоа како звучи сето тоа, па во еден момент застанал да се пофали себеси и колку е добар.
Поранешниот дефанзивец во кариерата играше и со Марија Манџукиќ, а оваа песна им ја посвети на Хрватите. Изгледа најмногу се мачеше со стихот „и осмех вратиш ми“ …
https://twitter.com/i/status/1467514701034790920