Легендарниот глумец од серијалот „Војна на ѕвездите„ Ендру Џек почина од коронавирусот во 77-та година од животот. Веста за ТМЗ ја потврди неговиот портпарол Џил Меккуло.
Таа наведе дека сопругата на актерот не можела да биде покрај Ендру поради тоа што се наоѓа во карантин во Австралија, како и дека нема да може да одржи соодветен погреб поради условите што ги диктира глобалната пандемија.
Неговата сопруга напиша на Твитер:
„Денес изгубивме човек. На Ендру Џек му беше дијагонистициран КОВИД-19 пред два дена“.
Многу колеги и обожаватели се збогуваа со него преку социјалните мрежи.
„Жал ми е многу кога слушнав дека Ендру Џек, учителот за говор на Господарот на прстените и Војна на ѕвездите, починал. Почивај во мир“, напиша актерот Киран Шах.