Легендарната актерк Мира Бањац, помина 2.5 месеци во болница поради проблеми со сепса. Но, и тогаш таа не се плашела од смртта, ја мачело само тоа што нема да може подолг период да работа.
“ Без актерство нема за мене живот. Ништо не ме боли, само ми смета што не можам да излезам од дома поради вирусите“ вели Мира и додава:
“ Се започна помалку наивно. Прво ме болеше ногата која претходно ја повредив. Отидов во болница каде прво останав една недела, а во почетокот на ноември морав повторно да се јавам. Но, болките не престануваа. Се вратив во болница, добив сепса, но се појави и вода во коленото. Бев во паника дека нема да можам да работам, а ако не работам, не сум жива“.
Состојбата била сериозна. На лекување останала два и пол месеци.
“Во години сум кога кај човек поминува животниот филм, размислува каде грешел. Немав паника за смрт. Единствено ме плаши долгата пауза како што не работам. А ако не работам, нема за мене живот,“ – вели Мира Бањац.
(ФОТО: Д. Дервишагиќ)