Откако се прошета по модната писта на ревијата на Викторија Сикрет во Њујорк, топ моделот бразилската манекенка Алесандра Амбросио избрала аутфит за забавата по ревијата за кој се зборува со денови по настанот.
На „афтерпарти“ забавата во Њујорк, Амбросио воодушеви со супер секси издание , со кое не се двоумеше да го покаже своето тело во „секси гол“ фустан на Долче и Габана.
Црниот фустан имаше длабоко деколте, додека проѕирниот корсет беше нагласен со кројот. Под проѕирниот фустан Амбросио носеше црн градник од тантела и гаќички.
Манекенката продолжи да додава повеќе гламур во целосно црниот ансамбл со крзнена јакна, која ја префрли преку рамениците.
43-годишната убавица го заокружи изгледот со црни штикли со прерамки.