Службеници од македонската администрација кои биле загрижени ги предале видео и аудио снимките од случајот „Рекет“ на италијанскиот весник “Ла Верита“ кои изминативе четири дена објавува стории и материјали за скандалот кој ја тресе државата.
Вакво признание дава самиот автор Ларис Гајсер во последна видеоколумна објавена во денешното издание на весникот. Додава дека располагаат со уште аудио и видео снимки, како и документи за случајот, но во моментов се прават консултации со правници за нивно објавување.
На снимките кои досега ги објави “Ла Верита“ се гледаат осомничените Боки 13 и Зоки Кичеец, како и бизнисменот Јордан Камчев, потоа се слушаат и разговори со специјалната јавна обвинителка во оставка, Катица Јанева.