Семејството, пријателите, колегите и познаниците дојдоа да му одадат последна почест на актерот Милан Лане Гутовиќ и да го испратат на вечна починка.
Опелото во црквата ковчегот беше пренесен до семејната гробница каде и беше погребан актерот.
Поранешната сопруга на Лане, Билјана Кнежевиќ со кого беше во брак 10 години неутешно стоеше пред капелата.
Со него таа ги доби синовите Спасој и Јаков.
Освен семејството и пријателите меѓу присутните беа и многу познати личности од светот на театарот и филмското платно.
Инаку медиумите пишуваат дека семејството му ја исполни последната негова желба, а тоа е тој да не биде погребам во алејата на великаните.
Тој беше испратен и без музика и цвеќе бидејќи тоа не го сакаше.