Ламбе Алабаковски, против кого се води постапка за палењето на контроверзниот бугарски клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, првпат по објавувањето дека тој е сторителот се огласи во јавноста преку „Инстаграм“. Тој се заблагодари за поддршката која ја доби и од народот и од многу јавни личности, а и преку протестот во Битола.
“Народе мој Ви благодарам за Вашата искрена поткрепа! Ве љубам од длабочината на срцето и душата!, пишува тој.