Српскиот актер Лазар Ристовски и неговата 39 години помлада партнерка и колешка Аница Лазиќ студените февруарски денови во Србија ги заменија за потопли поднебја.
Партнерите веќе неколку дена уживаат на плажа и во сонцето, а судејќи по фотографиите што ги објавуваат, одлично се забавуваат. Ристовски кој има 72 години целосно се подмлади покрај својата млада партнерка и стана поактивен на социјалните мрежи. Сега тој ги заинтригира сите со неговата последна објава.
Имено, актерот објави фотографија на која се држи за рака со Аница додека таа е во костим за капење, а тој во шорцеви за капење. Тие уживаат на плажа, изведувајќи впечатливи интересни пози, а описот на фотографијата гласи „Во склад со природата“.
Младата актерка објави и неколку кадри од патувањето.