Лажниот принц на Црна Гора и Македонија, Стефан Чернетиќ, кој во 2018 година во Владата на Република Македонија го одликуваше поранешниот премиер Зоран Заев, сега го охрабрува да ги продолжи политичките активности.
– Денеска Зоран Заев поднесе оставка како премиер на С. Македонија. Империјалното и кралското семејство на Црна Гора и Македонија посакуваат да му се заблагодарат за пријателството и љубезноста на официјалниот пречек на принцот Стефан, принцезата Харула и принцот Константин официјално во Скопје во септември 2018 година. Во таа прилика, премиерот Заев беше одликуван со Најт Гранд крст и Цариградски орден на Свети Ѓорѓи од неговото Царско кралско височество. Му посакуваме се најдобро во неговите идни политички активности!- се вели во објавата на Фејсбук од лажниот принц.
Инаку, за Стефан Чернетиќ беше издадена потерница од италијанската полиција за лажно претставување како принц од Црна Гора и Македонија. Ова тој наводно го правел, за да се стекне со финансиска корист. Има одликувано многу јавни личности, помеѓу кои и Памела Андерсон.