Неименувана жена (27) од Сиднеј, Австралија, се преправала дека е матичен лекар и „се грижела“ за пациентите со ковид-19 осум месеци, за време на нејзиниот ангажман во градската болница.
Во моментов е во тек полициска истрага, а портпаролот на болницата за медиумите изјави дека во понеделникот откриле дека жената што се претставила како доктор всушност не била регистрирана во Австралиската здравствена агенција, пренесува „Индипендент“.
– Таа веднаш беше отстранета од своите должности – вели тој, по што болницата го проследи случајот до полицијата на Нов Јужен Велс за истрага.
Наводно, жената тврдела дека е доктор, и работела во болница од јануари до август, фалсификувајќи документи за да се вработи.
Во понеделникот болницата и побарала документи кои таа не може да ги обезбеди, па нејзините претпоставени веднаш повикале полиција. Осомничената може да биде прогласена за виновна за неколку кривични дела, вклучувајќи измама, доколку нејзината вина се докаже на суд.
Другите лекари вработени во болницата беа шокирани од потегот на нивната „колешка“, а локалните жители се загрижени за пропустот, што, како што велат, не го очекуваа во нивната област.
– Не може да ве третира некој што не е квалификуван за тоа, па се ставате себеси во опасност – вели еден локален жител.
Comments are closed.