Пред неколку дена, разоткривме хибриден напад врз кабинетот на премиерот, при што беше злоупотребен идентитетот на младата еко-активистка, Грета Тунберг, објави денес Марјан Забрчанец,
ПР советник на премиерот Заев во рамки на дискусијата за дезинформации на конференцијата е-Општество.
Тој во своето излагање соопшти дека манипулаторите употребиле брендирани е-маил адреси и телефонски броеви, и преку официјално барање до македонско дипломатско претставништво, успеале да закажат и да реализираат телефонски разговор со премиерот Заев, претставувајќи се како Грета Тунберг и нејзиниот татко. Одредени делови од разговорот биле сомнителни за премиерот и за неговите советници, но сепак била донесена одлука разговорот да оди до крај, со цел да се разоткрие сомнежо