Синоќа во хрватскиот Обровац пронајдено е мртвото тело на Вероника Пецолал, лажната медицинска сестра која во април во еден тамошен прилог нејзиниот претпоставен и вереник, докторот Горан Јусуп ја заинтригира тамошната јавност со својот настап и одговорите околу квалификациите на Вероника. Како што објави zadarski hr причина за смртта наводно е гушење. Телото го пронашол Јусуп и ја повикал полицијата.
Инаку, Вероника Пецолај неколку години работела во ординацијата на доктор Јусуп како лажна медицинска сестра и без лиценца за работа од комората на медицинските сестри. Тој нејзе ја извлекол од психијатриска болница па ја вработил кај него.
Вероника ни сама не знаела да каже каде и дали завршила медицинско училиште. Прво рекла во Задар, ама не знаела кое училиште. Потоа рекла дека го завршила медицинското училиште Владимир Назор во Задар, иако е тоа општа гимназија. Набргу Вероника била откриена дека работела како лажна медицинска сестра.