Сите лажеме. Некој повеќе, некој помалку. Без разлика дали треба да избегнеме некои проблеми или да изгледаме подобро во очите на другите – го правиме тоа. Секој има излажано во одреден момент во својот живот.
Кој лаже најмногу од хороскопските знаци?
Број 1: Скорпија
Дали сте изненадени што Скорпијата го зазема првото место? Ако е така, тогаш никогаш не сте комуницирале со претставник на овој знак. Ова е еден најманипулаторските хороскопски знаци и знак кој што сака да има контрола над другите. Можат да измислат такви приказни за кои никогаш не би сонувале. Вистината е дека тие се многу добри во лагите и постои опасност дека нема да сфатите дека го прават тоа.
Број 2: Близнаци
Кога станува збор за манипулација и лаги, дефинитивно можеме да кажеме дека претставниците на овој знак имаат талент за тоа. Сепак, тие се многу забавни и креативни – поради оваа причина, луѓето го прифаќаат овој нивни недостаток. Вистината е дека лесно можат да излезат од мрежата во која се заплеткале.
Број 3: Риби
Можете лесно да згрешите со претставниците на овој знак мислејќи дека се чувствителни суштества, секогаш погрешно разбрани и осамени. Вистината е дека тие се способни на сè за да го добијат она што го сакаат. Бидејќи тие се доста интуитивни, тие многу добро знаат кога и за што да лажат.
Број 4: Вага
Комбинацијата на шарм и манипулација ги прави големи лажговци! Тие лажат за да избегаат од неволја; тие лажат да изгледаат подобро во очите на другите; тие лажат да го добијат она што го сакаат. Всушност, речиси скоро секогаш лажат – дури и самите себе. Но, има еден проблем – тие често се фаќаат во своите лаги. Сепак, тие искрено веруваат во другите.
Број 5: Рак
Да, Ракот е апсолутен лажливец! Но, за разлика од оние што се наведени, тие не лажат за да го добијат тоа што го сакаат или пак да манипулираат со луѓето. Напротив, тие имаат тенденција да преувеличуваат одредени ситуации. Добро е што нивните лаги се безопасни за другите.
Број 6: Водолија
Како и кај Раковите, лагите на Водолијата се безопасни. Во повеќето случаи, тие лажат за да има мир меѓу сите. Понекогаш тие го прават тоа за да не му наштетат на човекот до себе. Многу често овие бели лаги можат да се свртат против нив и тие да се најдат во големи проблеми. Во некои случаи, подобро е да бидат искрени и отворени, дури и на ризик да повредат некој.