31-годишна лаборантка Зорана П. скокна од третиот кат на Ортопедија Бањица, односно во ковид-амбуланта, вчера околу 1 часот попладне.
Според српските медиуми, таа е вработена како лаборантка во оваа институција, а вчера на била на смена.
Брзата помош потврди дека нивниот тим излегол на интервенција, дека повредената е пренесена во Ургентниот центар и дека нејзиниот живот не е загрозен.
“Можам само да кажам дека имаше инцидент и не би коментирал ништо понатаму. Тажно е, затоа што ова е млада личност и молам за приватност во врска со овој случај. Нема смисла… рече за Нова.рс д-р Зоран Башаревиќ, директор на Ортопедија Бањица.