Глумицата Хедер Елизабет Паркхерст заврши во болница откако нејзините љубимци, кучињата од расата пит бул, за малку ја растргнале.
Хедер е зајачица на Плејбој, позната и по улоги во серијата „Омажена со деца, како и филмот „Полицаецот од Беверли Хилс 3“.
Медиумите пренесуваат дека актерката во куќата во Лос Анџелес држи два пит була. Го галела осумесечниот Бејби, кога осумгодишниот Буда, почнал да и ржи како да е љубоморен. Кучињата почнале да се борат, а актерката пружила рака да ги запре и за малку останала без неа.
Убавата зајачица во тој инцидент добила тешки повреди на раката, скршени коски, скинати лигаменти и длабоки расекотини. Раката морала да и биде оперирана и да и се вгради шина.
-Ќе и биде потребна најмалку една година за да заздрави, но Хедер сепак не се откажува од своите кучиња. Таа е голем борец за нивните права и ги сака животните. Сигурно нема да се откаже од Бејби и Буда, изјавил нејзиниот партнер Марк Нејсон.