Правнуката на еден од најбогатите луѓе во светот, Џон Пол Гети, се омажи за фотографот Тобијас Енгел во Сан Франциско, во венчаница која била изработена од четири слоја ткаенина, а на неа имало парчиња огледала.
Ѕвездата на серијата „Дамин гамбит“ на „Нетфликс“, Ања Тејлор Џој ја имала улогата на деверуша, свадбената церемонија ја водела американската политичарка Ненси Пелоси, а кучето кое богата наследничка го вдомила, ги носело бурмите.
Голем дел од овој фустан го прави вистинско огледало, но бидејќи мора да се движи во него, создадовме парчиња кои личат на огледало, па затоа е многу полесен отколку што би требало“, рекол дизајнерот на венчаницата, Џон Галијано. Превезот на Ајви Гети имал мотив од орев во чест на нејзината баба Ана, која пораснла на фарма со ореви, но и мотив на гитара во чест на нејзиниот покоен татко, музичарот Џон Гилберт кој почина минатата година.
Ајви, во интервју за Vogue појасни дека изборот на венчаницата и накитот што го носела на свадбата биле обид да им оддаде почит на нејзините баба и дедо, како и на членовите од семејството што не можеле да бидат присутни на нејзиниот најважен ден.
„Мошне беше тешко што двајцата најважни луѓе не можеа да присуствуваат на мојата свадба“ – речe таа.
Појасни дека го избрала Џон Галијано да ѝ го изработи фустанот, затоа што тој редовно ги креирал фустаните на нејзината баба, а во бурмата со плав сафир која припаѓала на мајката на нејзиниот сопруг Томас, се вклучени и дијаманти од нејзината баба.