Српскиот режисер и музичар Емир Кустурица, пред 4 години бил фатен во Романија, откако во рачен багаж му биле откриени 22 куршуми од 9 милиметри. Судењето за настанот кој се случил во 2015 година, завршило сега на 22 март, пишува романски „Обсерватор“.
Прес-службата на режисерот објави дека тој пред 4 години навистина бил „задржан“ на аеродром во Романија, бидејќи во торба носел 22 куршуми. Според п.р.на Кустирица, тој заборавил да ги извади куршумите од торбата што ја носел со себе Од Мокра Гора во Романија бидејќи бил страствен ловец и имал дозвола за носење пиштол.
– По концетот и по минувањето низ скенерот, во рачната торба е најдена кутијата со куршумите. Аеродромските власти направија записник, по што режисерот доби дозвола да ја напушти Романија. Во 2015 Кустурице повторно гостуваше во Романија и тогаш беше ставено точка на случајот , – се вели во дел од соопштението на прес службата на Емир Кустурица.
Инаку, реакцијата доаѓа по вчерашниот напис во Телеграф.рс дека Кустурица пред четири години бил фатен со 25 касети со куршуми од 9 милиметри.