Купувач нападнал касиер во КАМ маркет, затоа што овој му кажал да стави заштитна маска. Настанот е видео документиран, а го објави „А1он“ .
Дваесет и двегодишниот касиер во МВР пријавил дека во 16 часот и 50 минути, додека ги извршувал своите работни задачи, триесетгодишен маж влегол да пазари во маркетот на КАМ во Дебар Маало и не носел заштитна маска. Колешка на касиерот го замолила купувачот да стави маска, по што купувачот им се нафрлил на двајцата.
На видеото снимено со телефон се гледа како купувачот му се нафрла на вработениот, а неговите колешки се обидуваат да го оттргнат. Се слуша и звук на силен удар, пискање и извици „Не, не“ .
Дел од останатите потрошувачи, панично се повлекуваат подалеку од местото каде се случува инцидентот.
Случајот е пријавен и во полиција.