Наводната афера на Едрју Бјукен со колешката Лејла Фарзад откриена била откако сопругата Ејми Натал дознала дека актерот купил долна облека со големина која не ѝ одговарала неа.
Се претпоставува дека Бјукен (44) ја напуштил актерката Натал, својата сопруга со која бил во 12-годишен брак и се преселил кај оксфордски образуваната мајка на едно дете Фарзад (40), откако се зближиле на снимање на нова серија на „BBC“.
Пријателите тврдат дека актерот ја известил Натал, најпозната по улогите во филмовите „Emerdale“ и „Downtown Abbey“ за неговата желба да го раскине бракот непосредно пред Божиќ.
Но, актерката која ги дели своите деца со Бјукен, се сомневала дека нејзиниот сопруг ја изневерувал и открила интимен предбожиќен шопинг, заедно со сметките од необјаснив престој во лондонски хотел во близина на нивната куќа.
Извор за „The Sun“ изјавил:
„Коцките почнаа да се сложуваат во текот на одреден временски период. Често беше отсутен, што не беше необично поради природата на неговата работа, но во еден момент Ејми сфати дека престојува во хотели во близина на неговата куќа и се запраша – зошто?“.
„Како што времето поминуваше, постоеја некои знаци дека се зближил со Лејла, само нешто во негов манир и во нивните заеднички објави на социјалните мрежи. Но, капката која ја прели чашата е долната облека – тоа е тоа што го издаде. Ејми само инстинктивно знаеше дека тоа не е наменето за неа“.
Говорејќи за „MailOnline“ за разделбата, таа се изборила со солзите и рекла:
„Не можам да зборувам за тоа. Жал ми е, но не можам ништо да кажам“.
Извори блиски до неа велат дека ја поддржувала нејзината блиска пријателка Џоан Фрогет која некогаш живеела во нејзина близина.
„Тоа ја скрши Ејми, беше толку страшно и тажно да ја видите таква. Таа сфати дека нешто се случува и знаеше дека мора нешто да каже, па се соочи со Ендрју поради тоа. Мора тоа да била најтешката работа која Ејми некогаш морала да ја направи. Сега се навикнува на животот без него и навистина ѝ е тешко. За среќа околу себе има прекрасни приjaтели кои ја поддржуваат“.