Британката Дебра Годар пред 33 години ги посетила тезгите и пронашла убав прстен кој ѝ бил понуден за десет евра. Цената не била значајна, па решила да го купи.
Жената го оставила прстенот во фиока и целосно заборавила на него, но кога нејзината мајка наишла на финансиски проблеми во 2019 година, решила да посети златара и да го продаде.
Се надевала дека ќе добие најмалку 500 евра, а потоа го доживеала својот животен шок. Открила дека цело време имала дијамантски прстен од 26,27 карати!
„Златарот за малку ќе се онесвестеше. Ме праша: „Знаеш ли што е ова?“. Цела ноќ останав будна размислувајќи што да правам“, изјави Дебра.
На крајот се решила и го однела прстенот во познатата аукциска куќа „Сотби“, каде што била потврдена неговата вредност, пренесува The Sun.
Наскоро била организирана аукција, а дијамантскиот прстен бил продаден за 500.000 евра.
„Ова е најблиску до приказната за Дел Бој и Родни од „Муќки“! До ова време следната година ќе бидеме милионери“, рекла Британката.
Дебра и денес живее во западен Лондон, а цело време се труди да ѝ угоди на мајка си.
„Таа го помина својот одмор на Барбадос, ги виде Том Џонс и Селин Дион во Лас Вегас. Ѝ купив бунда. Парите не ми се важни“, истакна таа.
Во меѓувреме, жената основала компанија за продажба на винтиџ накит и напишала книга за нејзиниот живот.
„Волонтирам во добротворна организација за деца кои побегнале од дома. Ако оваа книга заработи пари, ќе им ги донирам на нив и на младинските лидери“, заклучи таа.