Илаз Малиќи од селото Черкезе ризикува да ја изгуби социјалната пензија затоа што добил 439 денари во обложувалница. Во центарот за социјална работа во Куманово му било кажано дека му се ризикува пензијата бидејќи гореспоменатите приходи ги имал на неговата банкарска сметка.
Илаз за новинската агенција ИНА изјави дека државата не ги гони оние кои украле милиони, туку ги загрозува социјалните случаи, нас кои се бориме да преживееме и да обезбедиме парче леб.
Тој наведува и други случаи кога неговите пријатели добиле подароци од телефонски компании и биле принудени да ги вратат парите.